Дете и тројца возрасни убиени при семејно насилство на Флорида

Четири лица загинаа во семејна расправија во Орландо, Флорида, а меѓу жртвите има и едно дете, соопшти денеска началникот на градската полиција Ерик Смит.

– Во полиција рано утринава околу 2:28 часот е пријавен случај на семејно насилство, а кога екипата пристигнала на местото на настанот се слушнале истрели во куќата – изјави Смит на прес-конференцијата.

Осомничениот, кој бил вооружен, потоа излегол од домот и почнал да пука кон полицајците кои реагирале, јавува Еј-би-си њуз.

Полицијата возвратила, а осомничениот подоцна починал од повредите во полициски притвор.

Според полицијата, три лица биле застрелани во куќата. Меѓу жртвите има и дете, кое било пренесено во болница, но подоцна им подлегнало на повредите. Другите две жртви исто така биле убиени со огнено оружје. Нивните имиња и возраст се уште не се објавени, но се наведува дека се полнолетни.

Треба да знаете
Последни објави