Search

Арсенал водеше со два гола, но едвај спаси бод со Ливерпул

Роберто Фирмино го израдува Манчестер сити, а Арон Рамсдејл го спасуваше Арсенал и од пораз на „Енфилд роуд“ против Ливерпул за еден бод во спектакуларното реми 2-2 во англиската Премиерлига, иако „топчиите“ имаа два гола предност и сѐ прокоцкаа.

Фирмино погоди три минути пред крајот на регуларниот дел после канонадата од ливерпуловци кон голот на Рамсдејл, откако и Мохамед Салах промаши пенал по седум минути во вториот дел, ама во надополнувањето, три големи шанси и две бравурозни интервенции на арсеналовиот голман спречија дури и победа за Ливерпул.

Арсенал со бодот сега е на плус шест од Манчестер сити, но со меч повеќе од „граѓаните“ и актуелните англиски шампиони, како најава за уште повозбудлива завршница во тесната трка за шампионската титула.

А, сѐ почна поинаку на мечот откако за пола час Габриел Мартинели и Габриел Жесус дадоа два гола за големи 2-0 на Арсенал и кога лондончани ги држеа конците во мечот, четири минути пред полувремето Салах го врати Ливерпул во средбата, како најава за пекол во вториот дел, што и се случи.

Со отворен гард, тензија, многу стартови и шанси, Салах утна пенал, имаше ливерпул уште низа можности, Рамсдејл му одбрани на Дарвин Нуњез во завршницата, но не можеше да го спречи Фирмино, а потоа Арсенал имаше и среќа, го имаше и голманот за да спаси барме бод и да не доживее пресврт пораз.

Ливерпул со бодот сега има 44 на контото од 29 меча, предалеку од позициите за ЛШ, на кои се Манчестер јунајтед и Њукасл со дури 12 бода повеќе на девет дуели до крајот на сезоната.

Треба да знаете
Последни објави