ПСЖ ќе го замени Меси со Салах

Мохамед Салах во следната сезона би можел да го носи дресот на Пари Сен Жермен.

Египетскиот напаѓач има договор со Ливерпул до летото 2025 година, но ако Црвените останат на позиција на табелата на која се во моментов и не обезбедат учество во Лигата на шампионите, Фараонот ќе побара да биде продаден.

Ливерпул е далеку од првите четири места на премиерлигашката табела и реална е опцијата да си замине 30-годишниот Салах, а наводно и од клубот не би имале проблем со тоа, бидејќи ако чекаат следната година, цената ќе му падне и за Салах би добиле помала отштета.

Прв фаворит за ангажирање на Салах е ПСЖ, клуб кој во Египќанецот гледа одлична замена во случај да си заминат Лионел Меси или Нејмар.

Треба да знаете
Последни објави