Ѓоковиќ ги бодреше црно-белите и во Монако: Навивам за Партизан секогаш кога не игра против Црвена ѕвезда

Новак Ѓоковиќ беше главна ѕвезда на кошаркарскиот меч Монако – Партизан, на кој гостите се радуваа и обезбедија пласман во Топ 8 фазата од Евролигата. Интересно е дека Ѓоковиќ се израдува кога Партизан ја постигна тројката со која стигнаа до победа, а најдобриот тенисер во светот, кој е познат како голем навивач на Црвена ѕвезда, објасни зошто се радуваше и на успехот на Партизан.

Најдобриот тенисер во светот по втор пат за кратко време е дел од мечевите на Црно-белите во Евролигата, откако беше и во „Штарк арена“ на средбата против Олимпијакос. На тој меч, навивачите на Партизан скандираа „Ноле гробаре“, а неговата жена Јелена заедно со синот Стефан го гледаа и мечот на Партизан против Реал Мадрид.

„Да, навивам за Партизан затоа што тоа е српски клуб и секогаш кога играат против некој клуб, а тој клуб не е Црвена ѕвезда, ќе навивам за нив. И мојот син Стефан е голем навивач на Партизан, па дојдовме да уживаме на овој меч“, рече Ноле.

Треба да знаете
Последни објави