Трипуновски: Николовски работи против интересите на земјоделците-да објави анализ да видиме дали ја отсликуваат реалноста на откупните цени и примањата на земјоделците

Фејсбук статус на Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

„Една слика 1000 зборови. Љупчо Николовски изјави дека замрзнатите цени не влијаеле на приходите на земјоделците, според анализата која што ја направиле како ресорно министерство.
Бидејќи бега од дебата и не можеме да го соочиме аргументите, барам Николовски веднаш да ја објави анализата, да видиме на што се темели и колку истата ја отсликува реалноста во однос на откупните цени и примањата на земјоделците. СДС, Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски се најголемото зло на земјоделците во Македонија.
Владата на СДС го уништи земјоделието!“

Треба да знаете
Последни објави