Search

Рамо до рамо до победа во Струга и Кичево: Социјалдемократските политики носат  25 отсто повисоки пензии за сите 330.000 пензионери

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи, членката на ИО на СДСМ Ана Данева Маркова и пратеникот Јован Митрески беа меѓу граѓаните на општина Струга. 

Битиќи зборуваше за праведниот и правичен пристап на СДСМ при носење на политиките и кревање на стандардот на граѓаните, истакнувајќи дека пензионерите, нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава заслужуваат мирна и достоинствена старост. И тоа СДСМ не го кажува само декларативно туку за година ипол успеа на сите 330.000 пензионери да им ги качи пензиите на 25%. 

„Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е јасна и очигледна. Тоа нашите граѓани го забележуваат и во нивниот домашен буџет” – истакна Битиќи, додавајќи дека од овој месец сите пензионери добиваат историско покачување на пензиите од 8,4 проценти. 

„Ова е второ покачување на пензиите за само неколку месеци или вкупно околу 16% а со следното покачување ќе изнесува 25%.  Со тоа просечната пензија која досега изнесуваше 17.666 денари, се зголемува на 19.150 денари, односно за околу 1.500 денари повеќе.  Ако се спореди со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога над 100.000 пензионери земаа пензија под 10.000 денари тоа е значително подобрување. Просечната пензија од јануари 2016 година до јануари 2023 година е зголемена за над 35 отсто, односно од 13.000 денари на 19.000 денари.” – кажа Битиќи.

Битиќи на средбата со граѓаните ја образложи и новата методологија за пресметка на пензиите, кое е системско решени. Со неа, со пресметување и на трошоците за живот, владата предводена од СДСМ обезбеди постојано зголемување на пензиите, но и се стави крај на уцените и притисоците врз пензионерите, на кои ВМРО-ДПМНЕ се сеќаваше само пред избори. 

„Само поради системското решавање на работите успеавме 100 илјади пензионери да ги однесеме над прагот на сиромаштија. Ова се вистински социјалдемократски вредности и вистинска грижа за сите” – заклучи Битиќи.

Грижата за работниците, за пензионерите, за ранливите, за самохраните родители, за младите и поддршката на семејните буџети е константа во работењето на СДСМ. 

Во општина Кичево со граѓаните се сретнаа членовите на Извршниот одбор Костадин Ацевски и Тања Томиќ каде пред присутните порачаа дека СДСМ преку Владата, парламентарното мнозинство и институциите покажува што значи вистинска грижа за сите сите граѓани, дека поддршката што работниците, пензионерите, земјоделците ја добиваат е навремена ефикасна и неселективна и значително го подобруваат нивниот животен стандард. 

Меѓу првите одлуки на оваа Влада предводена од Ковачевски беше системското решение за раст на минималната плата. Затоа што СДСМ го цени и го вреднува трудот на работникот. Ние не сме како ВМРО-ДПМНЕ кои работниците и народот го гледа како евтина работна рака. Не, ние, македонските социјалдемократи знаеме дека трудот на секој работник мора да се цени, да се почитува и да биде соодветно платен.

Треба да знаете
Последни објави