Клоп: Не се влошив како тренер од минатата сезона и играчите не станаа полоши

 Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за промената во играта на тимот оваа сезона.

– Ова е еден од оние моменти кога работите навистина не се добри. Влегувате во овој виор на неуспех и тој постојано ве вшмукува. Но, не сум станал полош како тренер во однос на минатата сезона, дефинитивно не. И тоа не значи дека резултатот е доволно добар, воопшто не. Но, јас не се влошив. И играчите не се полоши од себе лани. Тие само играат полошо. Тоа е проблемот. Можеме ли да се подобриме следната сезона како Арсенал? Факт е дека тоа што го правиме никогаш нема да биде доволно за публиката и печатот. Но, да, со правилен пристап, ние дефинитивно ќе станеме посилни, изјави Клоп за „Sky Sports“.

Ливерпул е осми во Премиер лигата со 43 бода од 28 натпревари. 

Треба да знаете
Последни објави