Search

ВМРО-ДПМНЕ: Власта прави ромски културен геноцид, Министерството за култура од 33 милиони евра буџет за ромски проекти додели едвај 30-тина илјади 

Ромските проблеми се секојдневно, 365 дена во годината, а овој ден е само да се одбележи и да се укаже на значењето на овој ден. Што се однесува до областа на културата и застапеноста, секој народ секоја нација нормално аналогно на ова и ромскиот народ си има своја култура, идентитет, традиција и според тоа кога еден народ или една нација не ја одбележува или не го покажува тоа преку такви културни допирни точки, тогаш тој е невидлив за другите заедници или другите народи. Од тој аспект овдека во нашава држава можам слободно да кажам дека сме многу „тенки” на тоа поле затоа што со години наназад ромскиот народ е заборавен на тоа поле да се идентификува преку своите културни вредности преку разни манифестации, преку разни содржини од културен аспект, а преку тоа народот си ја рефлектира и си ја кажува својата историја, култура, традиција. Секаде познато е тоа дека фолклорно кажано ромите се многу познати и музикални. Да, но од година на година баш од тој аспект згаснуваат многу музички манифестации кои порано биле доста актуелни и одеднаш ги снемува, истакна на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Ромите во минатото и сега”, актерот и водител Рамуш Муарем – Цирко.

Тој исто така потенцираше дека на територија на Македонија буквално невидливи се културните активности од видот на театарот или драмата, а за издавање на книги списанија не се ни спомнува.

За ваквата катастрофална состојба од аспект на културата Цирко упати критики до Министерството за култура кое од буџет од 33 милиони евра за ромите додели само 30-тина или 40-тина илјади евра, а со тоа се врши, како што рече, ромски културен геноцид.

„Последниот конкурс од Министерството за култура, за распределба на средства за културни активности. Од 32 или 33 милиони евра буџет, за проектите од областа на културата за ромите, од апликациите одобрени се одвај 30-тина или 40 илјади евра. Тоа е скроз невидливо или јас би рекол дека во последно време над ромската култура се прави ромски културен геноцид”, додаде Муарем – Цирко.

На панел дискусијата се обрати и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари Ерџан Демир кој исто така упати критики до Владата затоа што во последните години интеграцијата на Ромите во државата е сосема запрена, а тоа може да се види и по тоа Ромите ги нема ниту во парламентарниот состав ниту во извршната власт или другите ешалони.

„Последниве години можеме слободно да кажеме дека интеграцијата на Ромите во државата е сосема запрена и немаме никаков чекор на придвижување напред. Тоа не е заради нас туку заради актуелната власт, што значи дека самото лого со кое настапија на почетокот како „Едно општество за сите” ние како Роми сме изманипулирани и тоа не важи за нас. Тоа важи за сите други но не и за Ромите. Тоа може да се види во составот како што е во законодавната власт, како што е составот во извршната власт и во другите ешалони, дека нас како Роми буквално не нема никаде, што порано не беше така”, истакна Демир и додаде:

„Да се навратиме во општина Шуто Оризари. Од актуелната власт, буквално слободно може да речеме дека нема никаква инвестиција или некакво подобрување на ситуацијата во однос на Ромите. Еве конкретно да го земеме примерот со образованието. Порано додека владееше ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари имавме проблем со капацитетот на училиштата. Значи имавме толку голем број на деца запишани во основните училишта каде што едноставно немаше простор каде да се соберат истите деца и тие беа приморани да одат во неколку смени, односно во 3-4 смени во школо се со цел да следат настава и со одлука на тогашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука да се направи доградба на двете основни училишта во Шуто Оризари за да им се овозможи на сите деца да следат редовна настава. Што се случува денеска? Денеска се случува сосема спротивното. Денеска во Шуто Оризари училниците се полупразни и тоа не дека децата не одат во училиште туку напротив, голем е бројот на родители кои се иселија. Луѓе кои што не ја гледаат својата иднина во оваа држава раководена од СДСМ и тоа е доста голем проблем кај нас”.

Треба да знаете
Последни објави