Трансродовите деца во Канзас ќе бидат подложени на генитални проверки

Во средата, републиканците од Канзас усвоија забрана трансродовите лица да учествуваат во младински и колеџ спортови посебно за девојки и жени. Овој закон, според медиумите, може да доведе до генитални инспекции, пишуваат тамошните медиуми.

Откако демократската гувернерка Лора Кели стави вето на предлогот во 2021 и 2022 година, републиканците конечно добија доволно поддршка за да го усвојат таканаречениот „Закон за правичност на женскиот спорт“, пренесува „Хафингтон пост“.

Новиот закон им забранува на транс девојчињата и жените да спортуваат на училиште, почнувајќи од градинка. Здружението за средношколски активности на државата Канзас соопшти дека само три транс девојки учествувале во училишни спортови оваа година. Новиот закон не им забранува на транс момчињата да спортуваат и стапува на сила на 1 јули.

Пратениците прашуваат како точно училиштата ќе го одредат полот на детето при раѓањето, но на сослушувањето за законот во февруари, државниот пратеник Барб Васингер, кој го предложи законот, рече дека спроведувањето ќе се врши преку „мерки за спортска физичка активност“.

Васингер за „Канзас Сити Стар“ во четвртокот изјави: „Треба да имате извод од матична книга на родените дури и да одите на училиште.

Претседателот на Домот на Канзас, Ден Хокинс, во четвртокот рече дека „апсолутно ниту една клаузула“ во нацрт-законот не укажува на задолжителна инспекција на гениталиите.

„Нема апсолутно никаква одредба или намера во „Законот за рамноправност на женскиот спорт“ да се бара каков било вид генитална инспекција, а тоа нема да биде исходот од законот“, рече Хокинс.

Но, забележливо е отсуството на член во предлог-законот кој силно би го поддржал тоа тврдење, стои во написите.

Некои родители во Канзас, според медиумите, размислуваат да се преселат од државата.

„Страшно време е да се воспитува транс дете во Канзас“, рече Кат Поланд, родител, за PBS NewsHour. „Можеби се соочуваме со реална закана дека ќе мораме да се преселиме, а тоа е срцепарателно.

Треба да знаете
Последни објави