Мајами „прежежок“ за Филаделфија

Кошаркарите на Феникс Санс го совладаа Денвер со 119:115 и го осигураа четвртото место и предноста на домашен терен во плеј-офот. Гостите играа со речиси резервен состав, со оглед дека се сигурни на првата позиција пред разигрувањето. Кевин Дурент со 29 поени и Крис Пол со 25 поени беа предводници во тимот на Фениск, а Брус Браун уфрли 31 поен за Денвер.

Важна победа синоќа забележа Оклахома Сити Тандер во лов на плеј ин во Западната конференција. Тандер славеше 114:98 против Јута и со тоа ја прекина серијата од три последователни порази. Џош Гиди постигна 17 поени, Арон Вигинс 15, Хрватот Дарио Шариќ мечот го заврши со 14 поени и 10 скока.
Тандер сега е 10-ти во Западната конференција со мала предност пред Далас со уште еден натпревар во регуларниот дел од сезоната, додека тимот од Тексас има уште два натпревари. Со овој пораз Јута и официјално остана без шанси за плеј-офот, а најефикасен во нивните редови беше Крис Дан со 22 поени.

Мајами славеше на гости против Филаделфија со 101:129. Џими Батлер и Тајлер Хироу постигнаа по 24 поени за „жешките“, додека Џоел Ембид беше стрелец на 21 поен за 30 минути игра во тимот на Филдалефија.
Мајами се надева дека ќе го избегне плеј-инот по последните два натпревари што преостануваат од сезоната. Интересно е што против Филаделфија тимот на Хит забележа вкупно 39 асистенции, со што го израмни клупскиот рекорд кој датира од 15 февруари 1997 година, поставен против 76-те.

Филаделфија претходно го обезбеди третото место на Истокот во плеј-офот, а најефикасен кај Мајами беше Џоел Ембиид со 21 поен.

Кливленд убедливо го совлада Орландо на гости со 118:94. Дени Грин со 21 поен беше најефикасен во победничкиот тим, а Џеди Осман уфрли 19 поени. Во поразената екипа Сагс со 22 поени беше најефикасен.

Резултати: Орландо – Кливленд 94:118, Филаделфија – Мајами 101:129, Сан Антонио – Портланд 129:127, Јута – Оклахома 98:114, Феникс – Денвер 119:115.

Треба да знаете
Последни објави