Search

Почна реконструкција на уште еден спортски терен во Аеродром

​Во населбата Аеродром во близина на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски” активно се реализира уште еден проект кој значи инвестиција во спортската инфраструктура, како еден од најважните фактори за правилен раст и развој на најмладите.

Инвестиција во овој спортски терен опфаќа поставување нова тартан подлога, нова безбедна ограда, нови голови и кошеви за фудбал и кошарка, како и уредување на околниот простор.

Станува збор за еден од низата проекти за оваа намена кои ќе се реализираат оваа пролет. Наскоро почнува изведбата на нови спортски игралишта – во основното училиште „Љубен Лапе” и мултифункционален спортски комплекс во Лисиче.

Треба да знаете
Последни објави