Search

Повик за доделување стипендии за учество на 59. Летна школа по словачки јазик и култура

Амбасадата на Република Словачка во Скопје известува за јавен повик за доделување стипендии за учество на 59. Летна школа по словачки јазик и култура, на кој може да се пријават и македонски државјани. 

Како што објави Министерството за образование и наука, Летната школа ќе се одржува од 30 јули до 19 август 2023 година со физичко присуство на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава  и од 31 јули до 12 август 2023 година со онлајн-учество.

Повеќе информации се достапни на вебстраницата: https://slovak.minedu.sk/sk/

Апликациите за стипендии може да се поднесат најдоцна до 26 мај 2023 година и мора да имаат соодветен код обезбеден од Амбасадата на Република Словачка во Скопје. 

Треба да знаете
Последни објави