Search

Партизан со триумф во Монте Карло го верификуваше пласманот во плејофот од Евролигата

Партизан ја продолжи серијата добри игри и на гостувањето во Монте Карло против Монако забележа победа (84:88) со која го верификуваа пласманот во плејофот од кошаркарската Евролига. Почетокот не навести добар резултат за Партизан. Домаќинот поведе со 10:1, но избраниците на тренерот Жељко Обрадовиќ предовдени од Аврамовиќ на паркетот се вратија во игра, а потоа на сцена стапи Зек Ледеј по што Партизан обезбеди двоцифрена предност. Монако се избори за неизвесна завршница, но Ледеј и Аврамовиќ од линијата за слободни фрлања не дозволија да им ја загрози победата.

Ледеј и Аврамовиќ завршија со по 22 поени и беа најефикасни во таборот на Партизан, по 12 поени постигнаа Смаилагиќ и Нанали, додека најефикасен кај Монако беше Окобо со 23 поени.

Барселона загуби на гостувањето против Милано со 84:76, пораз по кој каталонците ги загубија сите шанси за првото место на табелата. Првото полувреме мина во израмнета борба, но Милано успеа да се одлепи во завршницата и да стигне до заслужен триумф. Напие беше прв стрелец со 18 поени зад своето име, а Курич ги предводеше стрелците на Барселона со 17 поени.

Алба како гостин славеше во Атина против Панатинаикос со резултат 84:88. ПАО имаше предност од 84:82 на една минута до крајот, но Маодо Ло постигна четири, а Ветсел два поени за триумф на берлинскиот тим. Смит со 14 и Ло со 13 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека прв стрелец на Панатинаикос беше Бејкон со 16 поени.

Треба да знаете
Последни објави