Search

Лавров: Преговори со Украина само ако се воспостави нов светски поредок

Москва сака мировните преговори во Украина да се фокусираат на создавање на „нов светски поредок“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесе француската новинска агенција Франс прес. Лавров порачал дека мировните преговори за Украина ќе бидат можни само кога ќе се внимава да се воспостави „нов светски поредок“, во кој нема да има американска хегемонија.

„Преговорите ќе бидат можни само кога ќе се земат предвид руските интереси. Се работи за принципите на кои ќе се заснова новиот светски поредок“, посочи тој.

Додава дека Русија го отфрла „униполарниот светски поредок предводен од еден хегемон“.

Од почетокот на војната, Русија тврди дека ја води борбата против американската доминација на меѓународната сцена и дека офанзивата против Украина е дел од таа борба. Кремљ оваа недела соопшти дека нема друг избор освен да ја продолжи својата офанзива и не гледа дипломатско решение.

За време на прес-конференцијата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, Лавров денеска изјави дека пречките за рускиот извоз на земјоделски производи стануваат сè потешки и дека разговарале за она што Лавров го опиша како неисполнување на условите од Црноморскиот договор за извоз на жито.

Ројтерс пренесува дека Лавров рекол дека Русија ќе го напушти договорот за жито ако Западот продолжи да поставува пречки. Осврнувајќи се на вишокот на жито во Украина, кој влијаеше на цените во Источна Европа и доведе до оставка на полскиот министер за земјоделство претходно оваа недела, Лавров сугерираше дека Европа треба да им го даде вишокот на евтино жито на посиромашните земји.

Треба да знаете
Последни објави