Вучиќ: Србија ќе има европски кошаркарски шампион за две години

Партизан и Црвена Звезда за првпат во својата историја играат заедно во Евролигата во оваа сезона со тоа што „црно-белите“ како што стојат работите се многу блиску до место во плејофот, додека „црвено-белите“ ќе мора да почекаат нова прилика да обезбедат разигурвање за пехарот.

Меѓутоа во двата клуба се вложуваат многу финансиски средства, па претседателот на Србија, Александар Вучиќ верува дека за брзо време неговата земја ќе даде европски кошаркарски шампион.

-Верувам дека ќе имаме европски шампион во кошарка, за две, три или четири години најдоцна, -истакна Вучиќ за РТС.

Треба да знаете
Последни објави