Search

ВМРО-ДПМНЕ: На милионерот Каевски не му значи што народот плаќа 30% поскапа струја, а владата за една година префрли 200 милиони евра на ЕЛЕМ, ете толку се успешни

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Дарко Каевски

„Каевски не ја разбира сиромаштијата во која живее народот, затоа што е милионер.

Каевски на триесетина година има 4 милиони на сметка и стан од 62 м2.

Во исто време додека Каевски е функционер. Фирмата на таткото на Дарко Каевски, Гео Каевски, од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери, кои ги земала од 2018 година до денес, тоа се над 315.000 евра.

А додека функционерите на СДС се богатат над половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден и не можат да платат сметки.

Со СДС народот плаќа 30% поскапа струја, а владата за една година префрли 200 милиони евра на ЕЛЕМ, ете толку се успешни.

Не разбирливо е што сака СДС да постигне со лагите кои секој ден ги повторуваат, кога секој еден граѓанин кога ќе ја погледне сметката гледа дека плаќа 30% поскапа струја. Ниту 1000 пати да кажат дека струјата не поскапела, нема да ја сменат реалноста дека поскапела и дека народот едвај плаќа сметки.

ЕЛЕМ едвај ги покрива потребите на регулираниот пазар, а потребни беа како што и самиот Ковачевски призна 200 милиони евра од државата за нормално функционирање на претпријатието.

Во однос на гасот, СДС подобро да молчи зошто 4 месеци плаќаа цени поголеми од берзанските, во услови кога можеа да платат цени и двојно помали од берзанските.

Колку се способни за енергетика гледаме и од хавариите во РЕК Битола и битуменизираните котли заради несоодветниот јаглен кој го увезуваат фирми блиски до власта.

За разлика од нив, кога ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски управуваа со енергетскиот сектор цената на струјата се намали, што се бројки кои сите може да ги видат, а производството на струја од домашни капацитети беше значително поголемо.

Со почит,

Центар за комуникации на

Треба да знаете
Последни објави