Search

Велосипедската тура Вера Тур 2023 со поддршка од МОК и ВФМ пристина во Белград

Велосипедската тура Вера Тур 2023, која стартуваше со поддршка од Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) и Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), кои ги препознаа чинот и делото на организаторот Александар Стојков и неговиот тим од Скопје пристигна во Белград каде беа примени во македонската амбасада, јави дописникот на МИА од Белград.

Патувањето од 2.750 километри низ седум земји од регионот започне во Скопје со велосипедите на четворица ентузијасти. Тим лидер и основач на „Вера тур“ е Александар Стојков.

– На пропатување сме во Белград. Магијата на Вера тур низ 7-т држави од ех-Ју и Албанија е во Белград. Целта ни е да ги испочитуваме сите држави низ кои поминуваме, да покажеме кои сме, од каде сме и да ја пратиме таа порака на емоција и љубов, да пратиме порака дека без разлика што сме различни и живееме во различни држави имаме исти емоции и потреби. Белград како главен град и најважните градови во регионот со задоволство го посетуваме. Денес бевме примени во нашето дипломатско и конзуларно претставништво тука, што ни импонира многу и огромна чест и задоволство ни е што дојдовме со што покажуваме дека треба да ги сакаме тие околу нас и да пратиме порака за љубов кон нашата држава, поради што сме во нашата амбасадата, изјави организаторот Александар Стојков.

Како што изјави, во велосипидската тура се вклучени 4 македонски велосипедисти, на кои им се приклучуваат локални велосипедисти, како и тука во Белград и утре на релацијата Рума-Суботица-Нови Сад.

Во чест на прослава на животот и човечките вредности, минатата година во чест на сите починати од Ковид-19, четворица велосипедисти тргнаа од Скопје преку Србија, Хрватска, Словенија и назад преку Хрватска, Црна Гора и Албанија се вратија во македонската престолнина, по извозени 2.750 км за 16 дена со над 19.000 м искачени височини. Годинава финишот е на 20-ти април, со парада по булеварот „Партизански одреди“ која ќе заврши со промотивна прослава пред Скопје Сити Мол.

Низ сите споменати држави, нашите амбасади, како и во Белград каде беа примени од в.д. амбасадорот Михаела Веселинов ќе ја примат екипата на Вера Тур, која се состои од 15-тина стандардни членови и повремено други членови во зависност од локацијата каде ќе се поминува. Карванот од четворица велосипедисти, две технички возила и еден кампер, ќе го вее македонското знаме гордо и високо исто како и минатата година.

Низ сите споменати држави, на македонските велосипедисти им се приклучуваат и полициските организации ИПА, а велосипедската авантура ќе ја следат лекар, сервисер и Македонската национална телевизија.

Треба да знаете
Последни објави