Search

ВАР го направи Милан дар-мар

Милан кој во минатото 28. коло од италијанската фудбалска Серија А го растури новиот првак во најава, Наполи во Неапол (0:4) киксираше пред своите гледачи во дуелот со Емполи (0:0) од 29. коло. ВАР-технологијата го направи Милан дар-мар недозволувајќи му да се израдува на триумф пред своите навивачи.

ВАР собата интервенираше два пати на штета на домаќинот. Првиот пат на средината од вториот дел ја преиначи одлуката на судијата кој покажа на белата точка, за потоа во 89. минута да го поништи голот на Жиру поради играње со рака.

Избраниците на Пиоли притискаа до самиот крај, но на крајот мораа да се помират со реми.

Треба да знаете
Последни објави