Search

Стано: Борел идната недела ќе ја посети Кина

Европскиот комесар за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, следната недела ќе ја посети Кина, продолжувајќи ја серијата посети на високи европски претставници на Пекинг.

„Борел ќе ја посети Кина од 13 до 15 април“, изјави Петер Стано, портпарол на Службата за надворешни работи на ЕУ.

Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен моментално се во Кина и се обидуваат да побараат од Пекинг да го искористи своето влијание врз Москва за да заврши војната во Украина.

Треба да знаете
Последни објави