Search

Сообраќаен режим во Бутел на ул. Александар Урдаревски во петок и сабота

ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел, на потегот од крстосницата со улица Боца Иванова до населено место Кучевишка бара, деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.


Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре на 07.04.2023 година (петок) од 8 ч наутро до 14 часот попладне во едната насока и во сабота на 08.04.2023 година во истиот временски период на другата спротивна насока.


ЈП Улици и патишта Скопје  апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Треба да знаете
Последни објави