Search

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Македонска Каменица и Пехчево, заедно за повисоки плати и пензии

Тимови на СДСМ како дел од големата теренска активност „Рамо до рамо до победа” попладнево беа во посета и на населените места Македонска Каменица и Пехчево.

Во Македонска Каменица, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и членот на Извршниот одбор, Никола Рилак со граѓаните разговараа за антикризните мерки за поддршка на граѓаните во справување со последиците од економската криза.

– Во време на глобална економска криза презедовме навремени и ефикасни економски мерки кои им помогнаа на граѓаните. Денес, кога последиците од кризата се уште се чувствуваат ние ја зголемивме минималната плата на 20.175 денари, а пензиите ги зголемивме за рекордни 8,4 отсто, што јасно покажува дека нашата економија е стабилна и конкурента. Заврши времето кога работниците беа третирани како евтина работа сила,  кога пензионерите беа манипулирани со скромно покачување на пензиите надвор од закон и секогаш пред избори, како тоа што го правеше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години. Денес македонскиот работник, македонскиот пензионер е почитуван и помогнат од државата, за да живее подобро, порача Лукаревска.

Членот на ИО на СДСМ Костадин Костадинов, заедно со Даријан Сотироски беше заедно со граѓаните на општина Пехчево, каде пред присутните ја посочи разликата помеѓу одговорниот, домаќански и чесен пристап на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните и неработењето на нивните градоначалници во 40ина општини низ државата.

Треба да знаете
Последни објави