Search

Руското обвинителство побара 25 години затвор за опозицискиот активист Кара-Мурза

Руското обвинителство денеска побара 25 години затвор за затворениот руски опозициски активист Владимир Кара-Мурза, кој беше обвинет за велепредавство.

– Потврдувам дека обвинителот побара 25 години затвор, изјави адвокатот на затвореникот, Вадим Прохоров, по сослушувањето зад затворени врати.

Кара-Мурза (41) е обвинет за велепредавство, ширење „лажни“ информации за руската армија и поврзаност со „непожелна организација“.

Казната за овие злосторства е најтешката казна предвидена со кривичниот закон во Русија.

Кара-Мурза е во притвор од април 2022 година и е долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин. 

Треба да знаете
Последни објави