Search

Германија бара построги правила во ЕУ

Германската влада сака ЕУ да ги заостри правилата за отпишување на долговите за високо задолжените земји, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Таа повикува на воведување правила кои би поздразбирале намалување на учеството на долгот во БДП за еден процент годишно, додека помалку задолжените земји би морале да го намалат за половина процент годишно односот на долговите кон БДП, стои во документ во кој имал увид „Фајненшл тајмс“.

Според сегашните правила, земјите-членки на ЕУ мора за 1/20 годишно да ги намалат долговите кои надминуваат 60 отсто од БДП.

Европската комисија предложи измени на тие правила во ноември минатата година, со цел да се зголеми „државната сопственост“ на долгот, како и да се создаде повеќе простор за негово намалување, со построго спроведување на овие прописи. 

Треба да знаете
Последни објави