Двајца загинати, еден тешко повреден кога се истумбало „сузуки свифт“ во Припор

Вчера, во 16.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Христо Татарчев во Скопје, патничко моторно возило „сузуки свифт“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А. А. (70) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С. О. (65) од Скопје, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.

Тешки телесни повреди добил уште еден сопатник, П. Ц. (71) од Скопје, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави