Search

Сана Марин ја напушта функцијата лидер на социјалдемократите во Финска

По поразот на парламентарните избори во Финска, премиерката во заминување, Сана Марин , објави дека ќе се повлече од функцијата лидер на социјалдемократите. Триесет и седумгодишната Марин на прес-конференцијата рече дека „дошла до заклучок дека нема да се кандидира за уште еден мандат на конгресот во септември за раководството на СДП“.

Таа додаде дека ќе биде пратеник во новиот парламентарен состав. „Следната недела ќе почнам да работам како пратеник и се надевам дека ќе можам да водам помирен живот“, додаде таа.

Таа нагласи дека нема намера да се кандидира за претседател и дека не добила понуди за меѓународна функција.

Десничарската Национална коалиција победи на парламентарните избори во неделата. Два дена подоцна, во вторникот, Финска стана 31. членка на НАТО.

Треба да знаете
Последни објави