Search

Претседателот во заминување Ѓукановиќ по 20 мај останува без функција и без имунитетот

Претседателот на Црна Гора во заминување, Мило Ѓукановиќ, на функцијата останува најдоцна до 20 мај, а во моментот на заминување од функцијата ќе биде и без имунитетот што го штити од евентуално кривично гонење, пишува подгорички „Дан“.

Според мислењето на неколку правници соговорници на медиумот, прашањето за укинувањето на имунитетот е поврзано со заминувањето од функцијата, па затоа, со оглед на тоа што Ѓукановиќ во претседателскиот мандат влезе на 20 мај 2018 година, по сила на закон на 20 мај му завршува државната функција, а со тоа и имунитетот.

Ѓукановиќ на 20 мај 2018 година ја презеде функцијата претседател на Црна Гора во Цетиње, наследувајќи го Филип Вујановиќ, а должноста на неговиот наследник Јаков Милатовиќ може да му ја предаде и пред 20 мај, доколку тој на крајот одлучи да го стори тоа.

Треба да знаете
Последни објави