Search

Организираниот криминал се инфилтрира во европските пристаништа

 Криминални групи за шверц на дрога се повеќе се инфилтрираат во европските пристаништа поткупувајќи функционери и тајно внесуваат свои членови во објектите, соопшти денеска европската полициска служба Европол, јави ДПА.

Бандите главно користеле контејнерски транспорт за шверц на кокаин во Европската унија. Тие сè повеќе ги користеле дигиталните безбедносни кодови што се наменети за заклучување на контејнерите. Со шифрите, криминалците лесно можат да ги отворат контејнерите и да ја отстранат дрогата скриена внатре.

Според Европол, околу 90 милиони контејнери минуваат низ поморските пристаништа на ЕУ, а само дел од нив се проверуваат. Рекордна количина од речиси 200 тони кокаин е запленета на двете главни пристаништа Ротердам во Холандија и Антверпен во Белгија. 

Треба да знаете
Последни објави