Search

Левица побара, Општината прифати споменикот на Ќосето да се постави во Аеродром

На вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром советниците на Левица поднесоа иницијатива за поставување на споменикот на револуционерот Андон Лазов-Ќосето во паркот во Горно Лисиче. Иницијативата со мнозинство гласови во Советот на Општина Аеродром беше прифатена.

„Тој споменик без разлика која власт го поставила е платен со народните пари и не заслужува да фаќа прашина во некое депо и да биде камен на сопнување и играње пинг-понг помеѓу институциите за дневно политички поени“, стои во образложението на Левица.

За оваа одлука на Советот ќе треба да се бара согласност и од Собранието.

Минатиот месец градоначалничката на Скопје Данела Арсовска од Општина Центар побара согласност за враќање на споменикот на Ќосето пред судовите. Ова барање беше одбиено од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој одговори дека согласност мора да се бара од Собранието, согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја.

Споменикот на Андон Лазов-Ќосето беше поставен во 2014 година, а поранешниот скопски градоначалникот Петре Шилегов утврдил дека споменикот бил дивоградба и го отстрани.

Треба да знаете
Последни објави