Search

Босанскиот премиер осуден на 4 години затвор за незаконска набавка на респиратори

Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ е прогласен за виновен во случајот со набавката на 100 кинески респиратори и со првостепена пресуда е осуден на четири години затвор. Новалиќ утрово не дојде на изрекувањето на пресудата, а присуствуваа останатите обвинети во овој случај.

Фикрет Хоџиќ, сопственикот на фирмата „Сребрена малина“ од Сребреница регистирана за преработка и трговија со овошје и зеленчук, која била посредник во набавката на респираторите, е осуден на пет години, а поранешниот директор на Федералната управа за цивилна заштита Фахрудин Солак на шест години. Министерката за финансии Јелка Миличевиќ е ослободена од обинението во судскиот процес кој траеше повеќе од две години.

Како што пренесува Кликс, компанијата „Сребрена малана“ мора да плати казна од 100.000 евра, а додека Хоџиќ да врати 350. 000 евра.

Сите осудени се прогласени за виновни за кривичното дело злоупотреба на положбата, а ослободени се од обвиненијата за перење пари и примање подароци.

Солак, меѓу другото, е виновен и за фалсификување документација бидејќи наредил подреден вработен да го смени делот од договорот што се однесува на етикетата на респираторот.

Самиот Солак претходно и самиот и предложил на владата да го суспендира откако се покажало дека со неговата одлука за набавка на стотина респиратори за болниците во Сараево, Мостар и Тузла е доверена на компанијата „Сребрена малина“, регистрирана за одгледување и преработка на овошје и зеленчук, сопственост на Фикрет Хоџиќ, познат само како водител на реално шоу на локална телевизија.

Треба да знаете
Последни објави