Search

Арсовска ја заборави Есенинова

,,Новата улица Есенинова, за поврзување на скопските општини Аеродром, Кисела Вода и Центар, ќе биде готова за дваесетина дена” е вест објавена на 21 октомври, 2021 година. Две години подоцна новиот коридор се уште не е пуштен во употреба.

Со Есенинова се поврзуваат булеварите „Борис Трајковски“ и „Трета Македонска бригада“ во Аеродром.

Оваа улица е од огромно значење за жителите на Кисела Вода, Аеродром и Центар затоа што оваа улица треба да биде трето поврзување со урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода.

Проектот го направи Коце Трајановски, но пред да ја почне реализацијата ги изгуби изборите. Неговиот наследник Петре Шилегов ја почна изградбата во август 2020 година со најава дека изведбата ќе трае 22 месеци. Шилегов ветуваше дека до средината на ноември 2021 година, по Есенинова ќе се вози, Шилегов ги изгуби изборите, а по Есенинова се уште не се вози.

Проблемот настана кога требаше да се дислоцираат постојните бунари во кругот на „Империал Тобако“, односно да се изградат подземни бунари со линиски системи кои се во функција на бунарите, поточно нов бунар, резервар, пупна станица и нивно поврзување со хидрантска мрежа.

-При реализација на бунарите и линиските системи кој се во склоп на истиот се судрија со инсталации кој не можеше да се поместат. Во таа насока со поместување на одредени содржини може да се изврши преместување на бунарите. Со промената на содржините се промени и документацијата која не е спроведлива во катастар за запишување на јавна книга на недвижности и како таква да се предаде на „Империал Табако“ за да се заврши сообраќајницата “– се вели во објаснувањето од Град Скопје за потребата од корекција на техничката документација.

За проблемот со бунарите во тутунскиот комбинат говореше и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски кои што вели дека е проблемот не е толку голем колку што изгледа и се решава за два до три месеци.

„Требаше да се направи измена на проектот во делот кај бунарите, но еве уште не се направени. И ние правиме измени на проекти, но тоа не се процеси кои траат со години, туку се решаваат за максимум два до три месеци. Не знам зошто не се довршува улицата, се обидуваме да добиеме одговори од Градот, но залудно, вели Ѓорѓиевски.

Иако улицата не е пуштена во употреба, сепак граѓаните со месеци ја користат и покрај ризикот да го изгребат автомобилот.

Година и половина како Данела Арсовска е градоначалничка на Скопје не успеа да реализира ниту наследени проекти кои се во поодмината фаза. Универзална сала, мостот на АСНОМ, клучката кај Момин поток кои покрај Есенинова, се дел од капиталните проекти коишто се заборавени од Арсовска.

Треба да знаете
Последни објави