Search

Арбитражниот суд донесе конечна одлука со која Албанија треба да му плати 110 милиони евра на Франческо Бечети

Арбитражниот суд донесе конечна одлука со која Албанија дефинитивно го загуби случајот против италијанскиот претприемач Франческо Бечети, во врска со обесштетувањето што тој го побара за затворањето на телевизијата „Агон чанел“ во 2015 година.

Според одлуката, Албанија треба да му исплати 110 милиони евра, како и обврска од 145 илјади евра за повторното отворање на случајот.

– Во пресудата од 29 март 2023, судот составен од американскиот државјанин Грант Ханесиан како претседател, Роберт Андерсон К.Ц. од Обединетото Кралство и Чарлс Понсет од Швајцарија наредил итно отфрлање на барањето на Албанија за ревизија на првичната одлука, јасно ставајќи до знаење дека барањето на Албанија е без правна основа. Судот наведува дека во барањето на Албанија не се приложени нови факти од оние во 2019 година, кога е донесена првата одлука, јавија албанските медуми.

Телевизијата Агон чанел беше отворена 2013 за по две години да биде затворена од страна на албанските власти, по што Бечети поднесе тужба против Албанија за неправедна заплена, поттикната од политички мотиви.

Инаку, според Високата државна ревизија против Албанија има уште осум активни тужби во арбитражните судови од каде се очекува одлука. Странски компании кои ја тужат Албанија во арбитражните судови бараат отштета во износ од една милијарда и 356 милиони евра, вклучувајќи и 110 милиони евра на италијанскиот бизнисмен.

Треба да знаете
Последни објави