Search

Анкета: Нова демократија со 4,5 отсто во предност пред СИРИЗА

На месец и половина пред парламентарните избори во Грција, владејачката Нова демократија има предност од 4,5 отсто пред опозициската СИРИЗА, согласно резултатите од новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во споредба со претходната анкета пред 20 дена, нема промена на рејтингот на СИРИЗА, додека пак Нова демократија добива еден процент повеќе.

Распоредот на силите останува непроменет, ПАСОК- Движење на промена е на третата позиција, а потоа следат Комунистичката партија, Грчко решение, МЕРА25 и Национална партија Грци.

За речиси девет од десет анкетирани, социјалната политика (здравство, образование) и економијата и цените се меѓу најважните критериуми во изборот на партијата за која ќе гласаат на 21 мај.

Истражувањето на јавното мислење на „Pulse“ за телевизијата „Скај“ било спроведено од 30 март до 3 април 2023 година со анкетирани 1.107 лица со право на глас. 

Треба да знаете
Последни објави