Илија Спасески не се чувствува виновен за тепањето на Пендиков

Илија Спасески, еден од обвинетите за претепувањето на Христијан Пендиков, не се чувствува за виновен во случајот  во кој е обвинет дека заедно со уште едно лице го претепале охриѓанецот Пендиков.

– Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид.

Натепаниот Христијан Пендиков не дојде ниту на денешното рочиште на кое му се суди на Илија Спасевски. Судијата и пред јавноста посочи дека пропаднал обидот за да му се достави покана за рочиште на Пендиков. На ова, адвокатот Стефан Карамишевски, бранител на Пендиков кажа дека оштетениот има здравствени проблеми.

Во судница се гледаше и снимка од безбедносните камери, на кои се гледа како две лица го удираат Пендиков, по што доаѓа уште едно лице кое не се вклучува во нападот.

-На снимката се гледа едно машко лице кое личи на обвинетиот Илија Спасески и застанува пред едно лице кое личи на оштетениот Христијан Пендиков. Лицето кое личи на Спасески замавнува со десната рака , го удира на лицето и му задава уште еден удар во пределот на грбот кај вратот. Тогаш се појавува уште едно лице, па двајцата го удираат со раце, образложи обвинителката Викторија Ковачевска Мандуловска.

Илија Спасески, инаку професор во училиште е обвинет за напад од омраза со тешки повреди.
Според обвинението, на тепачката што се случи на 19 јануари на паркинг во Охрид и претходела вербална расправија, кога во угостителски обjeкт Спасевски го навредил Пендиков на национaлна основа и наводно му рекол „Не ти е срам да се пишуваш Бугарин“.

Спасески пред судот се изјасни дека не е виновен. Неговата одбрана рече дека обвинителката не понудила ниту еден доказ за изречените зборови, а видео записот не потврдува дека обвинетиото физички го нападнал Пендиков.

-Вие ги гледавте снимките каде обвинителот вели јас мислам дека е тој. Обвинителот не треба да мисли дека е тој или овој, треба да има докази од кои неспорно може да се утврди. Мислење на обвинител не е доволно за некој да биде огласен за виновен. Сметаме дека во никој случај тој нема ништо против бугарскиот народ и против Бугарите, затоа што овде се створи една фама, оти што било направено било направено од причини тој што бил тепан наводно се чувствувал како Бугарин вели Димитрие Цобоски, адвокат на Спасески.

Судијата Бојан Мартиноски инсистираше Пендиков тој да се појави и да го сослуша, а неговиот адвокат рече дека тој е спречен да дојде од Бугарија каде се уште е на лекување.

-Христијан Пендиков ќе се појави секако, кога ќе му заврши лекувањето. Сега е во подобра здравствена состојба. На видео записот се виде како две лица тепаат едно лице, кои се лицата треба допрва да се утврди, впрочем постапката е токму за тоа, да се утврди вистината што се случило на критичниот настан. Кои лица го претепале кое лице, вели Стефан Карамишевск

Обвинителството рече дека има докази и дека ќе го докаже обвинението дека Христијан Пендиков е нападнат поради неговата определба како Бугарин.

Треба да знаете
Последни објави