Search

Трагедија во Босна: Малолетник не сакајќи застрелал врсник со воздушна пушка и го убил

Малолетник во Брчко е убиен кога бил застрелан од врсник при невнимателно ракување со воздушна пушка, јавуваат босанските медиуми.

Екипата за медицинска помош излегла на терен и несреќното момче е пренесено во болницата Брчко, каде дежурниот хирург ја констатирал смртта на малолетникот“, изјавила докторката Јасна Брадоњиќ.

Портпаролката на полицијата во округот Брчко Џевида Хукичевиќ потврди дека инцидентот се случил синоќа околу 19:50 часот.

Локалните медиуми јавуваат дека се работи за петнаесетгодишно момче, кое било застрелано од врсник при несовесна употреба на воздушна пушка, по што починало.

Обвинителството на округот Брчко на БиХ соопшти дека на телото на петнаесетгодишникот е наредена обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Треба да знаете
Последни објави