Search

Снег во април ја побеле Србија и направи проблеми

Иако е месец април и пролета календарски навлегува длабоко, Србија утрово побеле. Речиси сите делови во земјата се покрини од снежна прекривка. Во Белград снег наврна во висина од 20 до 30 сантиметри што не се памети во изминатитие 150 години пренесуваат тамошните медиуми. Кај Нови Пазар има снежни наоси и до еден метар, поради што има и непроодни сообраќајници.

Снегот направи сериозни сообраќајни проблеми на целата територија. Српските медиуми пишуваат за неколку сообраќајни несреќи предизвикани како посењдица од снежнето невреме. Во Крагуевац, автобус кој превезувал работници излетал од патот, при што повредени се 18 лица.

Од снежните наноси во централното градско подрачје во Белград се скршила гранка од дрво, која паднала врз две девојчиња, при што едното од нив се здобило со потешки повреди. Откорнати дрва и скршени гранки паднати врз автомобили има на повеќе места низ белградските улици.

На југот од Србија, во регионот на Медвеѓе, поради обилните вржи од снег, околу 500 семејства останале без електрична енергија.

Метереолозите во Србија предвидуваат дека студеното време ќе се задржи до крајот на неделата.  Снежните врнежи ќе престанат во попладневните часови, а нов снег се очекува утре во раните утрински часови.

Треба да знаете
Последни објави