Search

Министерството за миграција и азил на Грција ќе вработи дополнителни 150 граничари

 Министерството за миграција и азил на Грција преку фондовите за миграција и внатрешни прашања, кофинансирани од Европската Унија, за периодот 2021-2027 година ќе вработи дополнителни 150 граничари, кои ќе бидат распределени во североисточниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од надлежното Министерство соопштија дека целта е „ефикасно чување на границата преку зајакнување на полициските станици во градовите Родопи и Кавала“.

Паралелно потсетуваат дека Фондовите за миграција и внатрешни прашања со кои располага Министерството за миграција и азил веќе имаат финансирано вработувања на 800 граничари на островите во северниот и источниот дел Егејското море, 250 граничари во Еврос и 480 граничари во центрите за притвор во различни делови на Грција.

Овие вработувања на граничарите, според Министерството, се финансирани од Националната програма на Фондот за азил, миграција и интеграција и Фондот за внатрешна безбедност на Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави