Search

Во Сараево падна снег

Сараево утрово осамна под снежна покривка, пренесува Кликс. Во текот на денот се очекува облачно време. Можен е повремен слаб снег. Утринската температура е околу -3, а дневната околу 2 степени.

Во четврток во Босна се очекува умерено до претежно облачно време, а ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветар.

Снегот во овој период од годината ја изненади и цела Србија, особено затоа што пред само 10 дена температурите на повеќе места во регионот достигнаа речиси 30 степени. Во поголемиот дел од земјата е активиран жолт метео аларм, портокалов аларм е вклучен во Срем, Белград и Поморавље, а црвен во западна и југозападна Србија и Шумадија, пишува српска „Нова“.

Треба да знаете
Последни објави