Search

Пригожин бил мета на нападот во Санкт Петерсбург?

Агентите на руската безбедносна служба ФСБ во понеделникот наутро ја открија и ја уапсија Дарија Трепова, која е осомничена за вмешаност во експлозијата во кафулето во Санкт Петербург во која загина познатиот воен блогер Максим Фомин, попознат како Владлен Татарски.

Татарски беше ликвидиран вечерта на 2 април во експлозија во Стрит Фуд бар бр. 1 во областа Василеостровски во Санкт Петербург, а во процесот се повредени уште четириесет лица. За време на викендите, ова кафуле го собира клубот за дискусија „Cyberfront Z“. На плакатот за настанот пишуваше дека Татарски ќе каже „како е да известуваш од жаришта додека си под дожд од куршуми и ќе објасни што значи да се биде воен дописник“, а имаше гласини дека и шефот на ПВК Вагнер Евгениј Пригожин ќе се појави таму, а кој е сопственик на зградата каде што се одржа митингот.
Токму затоа се појавија шпекулции дека токму Пригожин бил мета на нападот.

Очевидци раскажуваат како експлодирала фигура во кафулето, која посетителката, која се претставила како уметница по име Настја и неговата обожавателка, му ја дала како подарок за Татарски. Експлозијата се случила пет минути подоцна, а се работи за околу 200 грама ТНТ.

Истражителите веруваат дека фигурата содржела радио-контролирана импровизирана експлозивна направа , а девојката што ја донела го напуштила кафулето пред експлозијата. Медиумите објавија и видео од надзорните камери на кое се гледа како таа ја внесува кутијата со фигурата во кафулето.

Првично во медиумите се појави информација дека осомничена за експлозијата е Марија Јарун, родум од Ивано-Франковск. Подоцна, извори во агенциите за спроведување на законот објавија дека жителката на Санкт Петербург, Дарија Трепова, родена во 1997 година, како и нејзиниот сопруг Дмитриј Рјилов, се барани во врска со убиството на Татарски.

Дарија Трепова е позната меѓу феминистките и политичките активисти од Санкт Петербург како „Даша Тјиковка“ (таа го имаше тој прекар на Твитер). Претходно работела како продавачка во продавница за винтиџ облека и пред извесно време од Санкт Петербург заминала во Москва, но пред експлозијата се вратила во градот. Според прелиминарните податоци, таа требаше да одлета од Русија вечерта на 2 април.

Познато е дека Дарија Трепова и Дмитриј Рјилов беа приведени од полицијата на антивоен митинг на 24 февруари 2022 година. Рјилов е член на петербуршкиот огранок на Слободарската партија, од каде изјавија дека е во егзил надвор од Русија и дека нема никаква врска со експлозијата.

Двајца пријатели на Дарија Треповина изјавија дека таа не ја поддржува војната во Украина, но и дека нема „радикални ставови“.

Треба да знаете
Последни објави