Search

МЗ:Нема пропусти во лечењето на Јана, по прележаниот Ковид вирус го зафатил срцевиот мускул на девојчето

Според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза преземени се соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката, констатираше Комисијата за стручен надзор во извештајот за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Јана Христоска во Клиничка болница во Битола.

– Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин, соопшти Министерството за здравство (МЗ). 

По влошување на состојбата, се вели во соопштението, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката.  

Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство. 

Петгодишното девојче почина на 22 март по примена инфузија во болницата во Битола. Девојчето било донесено со температура и дехидрирано поради повраќање, па докторите му дале инфузија на детето по што му се влошила состојбата. Родителите ги обвинуваат лекарите за грешка при лекувањето.

Треба да знаете
Последни објави