Вучиќ: Никогаш нема да ме победат !?

Претседателот на Србија Александар Вучиќ од Верона, ги отфрли обвинувањата дека „победил“ на претседателските избори во Црна Гора, нагласувајќи дека победата била само за кандидатот Јаков Милатовиќ.

Вучиќ рече дека ако опозиционерите во Србија очекуваат истото да се случи многу грешат, бидејќи тоа го прават од патолошка омраза.

-Вучиќ не победи во Црна Гора, не се мешавме, се однесувавме одговорно, сите уште пред објавата му честитаа на Милатовиќ, а јас по победата. Изразивме надеж дека ќе работиме повеќе на нашите односи, можеме повеќе и подобро – порача српскиот претседател.

Разменивме пораки и уште еднаш му честитав, верувам дека во мај, кога ќе заврши инаугурацијата, едно од првите места што ќе ги посети ќе биде Белград додаде Вучиќ.

-Кога луѓето бараат причина, а единствено што можат да понудат е случајноста дека нешто ќе им се случи, на таквите не можам ништо да им одговорам. Никогаш нема да ме победат, тогаш ти помрачува мозокот, не алкохол, не дрога, туку нешто полошо од тоа, тоа е патолошка омраза.

Треба да знаете
Последни објави