Search

Тухел: Разбирам како се чувствува Jулијан, два пати бев во таква ситуација

 Новиот тренер на германскиот фудбалски бундеслигаш Баерн Минхен, Томас Тухел го поддржа својот претходник Јулијан Нагелсман кој доби отказ од Баварците.

– Разбирам како се чувствува Јулијан во моментов. Самиот двапати сум бил во ваква ситуација. Не дека причината за моите откази од двата претходни клуба (ПСЖ и Челзи) беше во мене. Таков е животот на тренерот. Ќе се обидеме успешно да ја завршиме сезоната, исто така за доброто на Јулијан и неговиот штаб, изјави тренерот на Баерн во интервју за „ЗДФ“.

Нагелсман беше отпуштен од клубот од Минхен на крајот на март, по што Тухел го презеде тимот.

Треба да знаете
Последни објави