Search

Сити без Халанд му даде четири гола на Ливерпул

Манчестер Сити со убедливи 4-1 го победи Ливерпул во големото дерби во Премиерлигата, тимот на Клоп поведе, но потоа прими четири голови.

Ливерпул почна како што само можеше да посака, во 17. минута Салах постигна гол за водство од 1-0. По една контра Ливерпул поведе во Манчестер уште во 17. минута. Диого Жота го пронајде Мохамед Салах, а тој реализира во мрежата на домашните, за радоста кај црвениот дел на трибините на стадионот. Сепак, радоста траеше само десет минути, затоа што Хулијан Алварез кој беше замена за Ерлинг Халанд по асистенција на Грилиш израмни на 1-1 и тоа беше резултат на паузата.

Уште не помина ниту една минута од вториот дел, а Манчестер Сити веќе направи пресврт. Кевин Де Брујне погоди за водство од 2-1.
Во 53. минута Гундоган зголеми на 3-1, веќе беше јасно кој ќе биде победникот. На 15 минути до крајот Грилиш ги постави конечните 4-1.

Манчестер Сити со овој триумф дојде до бројката од 64 бода и има пет бода помалку од лидерот Арсенал кој е и со минус меч. Ливерпул направи чекор назад во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите – „црвените“ на Клоп се шести со 42 бода.

Треба да знаете
Последни објави