Search

Рјабков: Русија ќе ги информира САД за ракетните тестови

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва ќе продолжи да ги известува САД за тестирања на интерконтинентални или подводни балистички ракети и покрај суспензијата на единствениот преостанат нуклеарен договор меѓу двете земји, пренесе Интерфакс.

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија минатиот месец ја суспендираше програмата Нов СТАРТ потпишана во 2010 година, со која се ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави на двете страни.

Како одговор, САД во вторникот рекоа дека ќе престанат да споделуваат нуклеарни податоци со Москва.

Рјабков рече дека, и покрај суспензијата, Русија се обврзала да се држи до лимитот на нуклеарни боеви глави и дека исто така ќе продолжи да го спроведува договорот од 1988 година за размена на податоци за тестирање ракети.

Минатиот месец, американски официјален претставник изјави дека руската суспензија на програмата Нов СТАРТ е показател дека Русија „не е одговорна нуклеарна сила“.

Путин на тоа одговори дека Западот е директно вмешан во нападите врз базите на руските стратешки бомбардери длабоко во руската територија и додаде дека затоа се „апсурни“ барањата на НАТО Русија да дозволи инспекции на нуклеарни бази според Новиот договор СТАРТ.

Треба да знаете
Последни објави