Search

Петгодишно момче го застрелало своето 16-месечно братче во Индијана

Петгодишно момче го застрелало своето 16-месечно братче во градот Лафајет, северозападна Индијана. Полицијата во вторникот објави дека 5-годишното дете и неговата сестра пронашле пиштол во станот, а 5-годишното дете потоа пукало во помалиот брат, кој е идентификуван како Ајсаја Џонсон.

Получникот Мет Гард од полицијата во Лафајет рече дека некој кој не живее во станот се јавил на 911 по пукањето за да пријави дека детето не дише. „Во станот имаше еден возрасен и две деца“, изјави Гард за „Журнал и Куриер“. Наредена е обдукција, која треба да ја потврди причината за смртта, пишува „АП“.

Полицијата нагласи дека никој не е уапсен и дека случајот сѐ уште се истражува. Откако ќе заврши истрагата, официјалните лица рекоа дека случајот ќе биде испратен до Канцеларијата на обвинителството на округот Типекано на преглед за да се утврди дали ќе бидат поднесени обвиненија. Инаку, Лафајет се наоѓа на околу 100 километри северно од Индијанаполис, главниот град на сојузната држава.

Треба да знаете
Последни објави