Search

Пекинг бара САД да престанат да ја провоцираат Кина

Вооружените сили на САД мора да престанат да ја провоцираат Кина во Јужното Кинеско Море, во спротивно тие ќе бидат одговорни за какви било потенцијални инциденти, предупреди денеска портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Тан Кефеи, коментирајќи го бродот на американската морнарица, кој наводно пловел во близина на островите Парасел под кинеска контрола во Јужното Кинеско Море.

„Строго бараме САД веднаш да престанат со ваквите провокации бидејќи во спротивно тие ќе ја сносат целосната одговорност за сите сериозни последици од нивното предизвикување потенцијален инцидент“, изјави портпаролот на кинеското Министерство, пренесе „Тасс“.

Тој нагласи дека кинеската Народноослободителна армија ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита, како што наведе, националниот суверенитет и безбедност и „одлучно ќе ги брани мирот и стабилноста во Јужното Кинеско Море“.

Треба да знаете
Последни објави