Search

Америка ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Русија или ако се веќе таму што поскоро да ја напуштат

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува дека на сите американски државјани во Русија им се препорачува што поскоро да ја напуштат таа земја. Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен рече дека САД се длабоко загрижени што дописникот на Волстрит журнал Еван Гершкович е приведен во Русија поради шпионажа.

Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави оти не станува збор за сомнеж, туку новинарот бил „фатен на дело“.

Според руските безбедносни власти, по инструкции на американската страна новинарот собирал информации кои се државна тајна за активностите на една од компаниите на рускиот воено-индустриски комплекс.

Треба да знаете
Последни објави