Search

Тасевска: Рекорден раст на пензиите и замрзнување на цените на основните продукти, грижата за сите продолжува

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ преку конкретни мерки и политики го штитат и унапредуваат животниот стандард на граѓаните.

Цените на основните прехранбени продукти се намалени и замрзнати со цел да се намалат трошоците за храна.

Граѓаните денес купуваат леб со замрзната цена од 33 денари за 450 грама, млеко и млечни производи поевтини за 10, а тестенини за 15 отсто, додека максималните цени на јајцата и оризот се утврдени на цената од 15 март оваа година.

Покрај замрзнувањето и намалувањето на цените, истовремено растат платите и пензиите за граѓаните.

Веќе се исплаќаат пензиите за месец март зголемени за 8,4 отсто, односно секој пензионер од овој месец ќе добива зголемена пензија за просечно околу 1.500 денари.

Веќе во септември согласно методологијата ќе следува ново зголемување на пензиите, што ќе значи дека за само една и пол година од март 2022 до септември 2023 година пензиите на сите 330.000 пензионери ќе се зголемат за вкупно 25 отсто.

Тоа е рекордно зголемување на пензиите за толку краток рок.

Сето ова почитувани, е показател за одлучноста на СДСМ да го заштити стандардот на граѓаните во време на светска економска криза.

Грижата за сите граѓани продолжува, продолжуваме со реализација на мерките кои ги намалуваат трошоците и ги зголемуваат приходите на семејствата.


Прашање: Како го коментирате тоа што пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на седница на пратеничките прашања објави детали од медицински извештај и побара одговорност од министерката за одбрана Петровска?

Одговор:


Овие невистини беа веднаш демантирани од страна на министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Не сум изненадена бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во континуитет води антиЕУ и антиНАТО кампања, хајка против министерката за одбрана. Тоа покажува дека тие не се реформирана партија, делуваат исто како што делуваа 11 години додека беа на власт и сега во опозиција. Тоа се навреди, омаловажувања, лична дискредитација.

Треба да знаете
Последни објави