Search

Силен земјотрес во Италија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени бил регистриран синоќа пред полноќ во провинцијата Кампобасо на југот на Италија со епицентар кај Монтагано на длабочина од 23 километри, јави АНСА.

Според податоците на Националниот геофизички и вулканолошки институт (INGV), земјотресот бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, но агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на првите извештаи на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), објави дека магнитудата била 5,4 степени.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните области Кампанија, Пуља, Абруцо и Лацио, а од теренот нема извештаи за повредени или материјална штета.

Ројтерс пренесува дека Националната противпожарна служба на Твитер објавила дека немало барања за спасување.

По првите проверки не е забележана посебна штета, но секако ќе треба да се направат потемелни проверки, јави АНСА повикувајќи се на локалните власти.

Треба да знаете
Последни објави