Search

Озлогласениот командант на Путин кој го надгледуваше масакрот на украинските војници е пронајден мртов

Смртта на еден од најозлогласените команданти на руската армија, потполковникот Дмитриј Лисицки, предизвика многубројни контроверзии. Имено, додека извори од Русија тврдат дека се самоубил со ловечка пушка, Киев наведува дека бил убиен од украинските вооружени сили за одмазда за злоделата што војската на Путин под негова команда ги направила при повлекувањето од т.н. Иловајски котел во 2014 година.

Неговата смрт прв ја пријави украинскиот новинар Јуриј Бутусов, кој тврди дека киевските сили „повторно го одмаздиле Иловајск со ликвидирање на Дмитриј Лисицки“, пишува „Јутарњи лист“.

Од друга страна, Москва тврди дека Лисицки ги презел работите во свои раце по неколкумесечна борба со депресијата, што следуваше по критиките во јавноста за неговото незаконско постапување со воениот персонал за време на војната во Украина.

Инаку, Лисицки беше награден со највисоките руски одликувања, меѓу кои и Орденот на херојот на Русија, и беше командант на првиот јуришен баталјон во 247. полк.

Неговиот полк претрпе тешки загуби додека Русија се повлекуваше од Харков минатата година, а како што тврди украински новинар, „ликвидацијата на Лисицки сериозно ќе ја ослаби борбената готовност на полкот“.

Треба да знаете
Последни објави