Search

Генералниот директор на ЕСМ Ковачевски се сретна со јапонскиот амбасадор Оцука

Енергетските капацитети на АД ЕСМ, завршените проекти во изминатите три години и планираните идни проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија беа претставени на работната средба на генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на развој и инвестиции Благој Гајдарџиски со јапонскиот амбасадор Казуја Оцука и претставници од јапонската корпорација ITOCHU.

-Кризата е зад нас и сега е вистинско време да се посветиме на нови проекти, развој и енергетска трансформација. Од големо значење е поддршката од јапонска страна, како и од другите пријателски земји кои веќе го имаат поминато патот на замена на енергетските капацитети и нивно преориентирање кон почисти извори и заштита на животната средина, порачал Ковачевски.

Од ЕСМ нагласуваат дека амбасадорот Оцука и претставниците од ITOCHU се наклонети кон давање поддршка во секторот енергетика, особено обновливите извори на енергија и дека искажале особен интерес за преминувањето на нашата земја кон обновливи извори на енергија и заштита на животната средина.

Треба да знаете
Последни објави